Нов Завет

1 Коринтјаните 1:1-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Од Павле, повикан од Бог да Му биде апостол на Исус Христос, и од нашиот брат Состен.

2. До Божјата црква во Коринт, до вас, кои Бог ве повика да бидете Негов свет народ и ве направи свети преку Исус Христос, и вас, и сите христијани насекаде, сите што го повикуваат името на Исус Христос, нивни и наш Господ.

3. Ви посакуваме благонаклоност и мир од Бог, нашиот Татко и од Господ Исус Христос.

4. Постојано Му се заблагодарувам на мојот Бог за Неговата милосрдна благонаклоност што ви ја подари преку Исус Христос.

5. Тој во секој поглед ја збогати вашата црква со надареност за говорништво и со многу знаење.

6. Со тоа и проповедањето за Христос се зацврсти меѓу вас.

7. Сега, додека нестрпливо го чекате повторното доаѓање на нашиот Господ Исус Христос, не ви недостасува никаква духовна дарба.

8. Тој ќе продолжи да ве надградува докрај, за да бидете беспрекорни на денот кога ќе се врати нашиот Господ Исус Христос.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 1