Нов Завет

1 Јован 1:4-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Ви го пишуваме ова, за да биде целосна нашата радост.

5. Ова е пораката што ја слушнавме од Исус и ви ја пренесуваме: Бог е светлина. Во Него нема ни трошка темнина.

6. Ако кажеме дека општиме со Бог, а живееме во темнина, лажеме и не се придржуваме до вистината.

7. Но ако живееме во светлина, како што и Бог е во светлина, тогаш навистина ќе општиме еден со друг, а крвта на Божјиот Син, Исус Христос, ќе не исчистува од секој грев.

8. Ако тврдиме дека не грешиме, самите се лажеме и одбиваме да ја прифатиме вистината.

9. Но ако Му ги признаваме своите гревови на Бог, Тој е правичен и ќе си го одржи ветувањето: ќе ни ги прости гревовите и ќе не исчисти од сета неправедност.

10. Ако тврдиме дека не сме грешни, Бога Го правиме лажливец и покажуваме дека Неговото Слово не навлегло во нас.

Прочитајте целосна глава 1 Јован 1