Стар Завет

Нов Завет

Захарија 2:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ги подигнав очите и видов: и ете: човек, а во неговата рака мерачко јаже.

2. Го прашав: „Каде одиш?” Ми одговори: „Да го измерам Ерусалим и да видам колку е широк а колку долг.”

3. И ете, ангелот кој зборуваше со мене стоеше неподвижно, а друг му излезе во пресрет

4. и му рече: „Трчи, речи му на оној млад човек вака: ‘Ерусалим ќе биде како отворен град заради мноштвото луѓе и добиток кои ќе бидат во него.

5. А Јас - говори Господ - ќе му бидам огнен ѕид наоколу и негова Слава сред него.’”

6. „Еј! Еј! Бегајте од Северната Земја - говори Господ - зашто во сите четири небесни ветра ве распрснав - говори Господ!

7. Еј, Сиону, кој живееш кај вавилонската ќерка, спаси се!”

8. Вака зборува Господ над Воинствата чија Слава ме испрати кај народите кои ве ограбија: „Кој ве допира, Ми ја допира зеницата на окото.

9. Ете, ја подигам раката против нив за да им бидат плен на своите робови. Така ќе знаете дека ме испрати Господ над Војските!

10. „Воскликнувај и радувај се, Сионска Ќерко, зашто еве, доаѓам да престојувам сред тебе.

11. Господ зборува. Во оној ден многу народи ќе се прилепат кон Господа, и ќе бидат Мој народ, а Јас ќе престојувам сред тебе. Така ќе знаеш дека Господ над Воинствата ме испрати кај тебе.

12. И Јудеја ќе биде Господово наследство, Негов дел во Светата Земја, и Тој пак ќе го избере Ерусалим.

Прочитајте целосна глава Захарија 2