Стар Завет

Нов Завет

Захарија 14:12-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. А еве со која рана Господ ќе ги удри сите народи кои ќе завојуваат против Ерусалим: месото ќе им се распаѓа додека бидат на нозе; очите ќе им гнијат во очните дупки, јазикот ќе гние во устата.

13. Во оној ден ќе настане меѓу нив силен смут од Господа; едниот ќе го фаќа другиот за рака, и раката на едниот ќе се крева против другиот.

14. И Јуда ќе се бори во Ерусалим. Тука ќе се соберат богатствата на сите околни народи: злато, сребро, облека во големо изобилство.

15. А слична рана ќе падне на коњите, мазгите, камилите и ослите, и на сета стока што ќе се најде во нивните логори.

16. Кој ќе преживее од сите народи што дојдоа против Ерусалим ќе доаѓаат од година во година за да се поклонат пред Царот, пред Господа над Воинствата, и за да го слават празникот Сеници.

17. Ако некое племе на земјата не дојде во Ерусалим за да се поклони пред Царот, пред Господа над Војските, не ќе има дожд за него.

18. Ако египетското племе не се искачи и не дојде, ќе го стигне истиот удар со кој Господ ќе ги удри народите кои не би дошле да го празнуваат празникот Сеници.

Прочитајте целосна глава Захарија 14