Стар Завет

Нов Завет

Захарија 11:3-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Чуј го ридањето на пастирите, запустен е нивниот сјај! Чуј го рикањето на лавчињата, запустена е јорданската гордост!

4. Господ мојот Бог ми рече вака:

5. „Паси ги овците за колење! Нивните купувачи ги колат неказнето, а кои ги продаваат велат: ‘Благословен да биде Господ, се збогатив!’ и нивните пастири не ги штедат.

6. Ни Јас веќе не ќе ги штедам жителите на земјата - говори Господ - туку: еве, го предавам секого во рацете на неговиот ближен и во рацете на неговиот цар, и тие ќе ја разурнат земјата, а Јас нема да ги избавам од нивните раце.”

7. Почнав да ги пасам овците за колење на трговците со овци та зедов два стапа: едниот го нареков благост, другиот врска. Така го пасев стадото.

8. И во еден месец истребив три пастири. Но и овците ми здодеаја, Ме замразија.

9. Тогаш реков: „Не ќе ве пасам веќе! Која треба да пцовиса, нека пцовиса! Која треба да ја снема, нека ја снема! А кои ќе останат, една на друга нека си го изедат месото!”

10. Тогаш го зедов мојот жезол благост и го скршив за да го раскинам Заветот што го имав склучено со сите народи.

11. И тој беше раскинат во оној ден, и трговците со овци кои гледаа, научија дека тоа беше Господово слово.

12. Тогаш им реков: „Ако ви е добро тоа, дајте ми плата; ако не е, не давајте.” Тие ми ја одмерија платата триесет сребреници.

13. А Господ ми рече: „Фрли ја во ризницата таа убава цена со која ме оценија!” Јас ги зедов триесетте сребреници и ги фрлив во ризницата на Господовиот Дом.

Прочитајте целосна глава Захарија 11