Стар Завет

Нов Завет

Захарија 11:10-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Тогаш го зедов мојот жезол благост и го скршив за да го раскинам Заветот што го имав склучено со сите народи.

11. И тој беше раскинат во оној ден, и трговците со овци кои гледаа, научија дека тоа беше Господово слово.

12. Тогаш им реков: „Ако ви е добро тоа, дајте ми плата; ако не е, не давајте.” Тие ми ја одмерија платата триесет сребреници.

13. А Господ ми рече: „Фрли ја во ризницата таа убава цена со која ме оценија!” Јас ги зедов триесетте сребреници и ги фрлив во ризницата на Господовиот Дом.

14. Тогаш го скршив и својот втор жезол, врските - за да го раскинам братството меѓу Јуда и Израел.

15. И Господ ми рече: „Земи ја уште опремата на безумниот пастир,

16. зашто, еве, ќе подигнам еден безумен пастир во оваа земја: тој нема да се грижи за изгубените, не ќе ги бара заскитаните, не ќе ги лечи ранетите, не ќе ги носи изнемоштените, туку ќе јаде месо од дебелите и ќе им ги кине копитата.

17. Тешко му на неспособниот пастир, кој го остава стадото! Мечот нека му ги стигне раката и десното око! Десницата нека му се исуши сосем, десното око нека се затемни сосем!”

Прочитајте целосна глава Захарија 11