Стар Завет

Нов Завет

Захарија 11:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Отвори ја вратата, Ливанону, огнот нека ти ги изгори кедровите!

2. Лелекај, чемпресу, зашто падна кедарот, зашто се упропастени силниците! Ридајте, васански дабови, зашто е исечена најгустата гора.

3. Чуј го ридањето на пастирите, запустен е нивниот сјај! Чуј го рикањето на лавчињата, запустена е јорданската гордост!

4. Господ мојот Бог ми рече вака:

Прочитајте целосна глава Захарија 11