Стар Завет

Нов Завет

Захарија 10:5-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Ќе бидат заедно како јунаци кои во бојот газат како по улична кал; ќе војуваат зашто Господ е со нив, и ќе ги засрамат оние кои јаваат коњи.

6. Ќе го зајакнам Јудиниот дом, ќе го спасам Јосифовиот дом. Пак ќе ги населам, ми е жал за нив, и ќе биде како да не сум ги отфрлил, зашто Јас Сум Господ, нивниот Бог - ќе ги послушам.

7. Ефремците ќе бидат како јунаци, и ќе им се радува срцето како од вино: ќе ги видат своите синови и ќе се веселат, во Господа ќе воскликнува нивното срце.

8. Ќе им свирнам и ќе ги соберам, зашто Јас ги избавив, ќе бидат пак многубројни како што беа.

Прочитајте целосна глава Захарија 10