Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 7:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Кога Господ, твојот Бог, те воведе во земјата во која одиш да ја земеш во наследство, и кога ќе истера пред тебе многу народи: Хетејците, Гергесејците, Аморејците, Ханаанците, Ферезејците, Евејците и Евусејците - седумте народи побројни и посилни од тебе -

2. па кога Господ, твојот Бог, ќе ти ги предаде и кога ти ќе ги поразиш, предај ги на проклетство; немој да склучуваш со нив сојуз ниту да им искажуваш милост.

3. Не земај жена од нив, не мажи ја својата ќерка за нивниот син, ниту жени го својот син за нивна ќерка;

4. зашто тоа би ги одвратило твоите синови од Мене; за да им служат на други богови; Господ би се разгневил против вас, и би те истребил бргу.

5. Туку, направете вака со нив: порушете ги нивните жртвеници, искршете ги нивните столбови, откорнете ги нивните ашери, а изгорете ги нивните резани ликови.”

6. „Па ти си народ посветен на Господа, на својот Бог; Господ, твојот Бог, те избра тебе меѓу сите народи, кои се на земјата, за да му бидеш негов сопствен народ.

7. Господ не ве одбра и не ве прифати дека сте побројни од сите народи - поправо вие сте најмалубројни -

8. туку затоа дека Господ ве љуби и дека ја пази заклетвата со која им се заколна на вашите татковци. Затоа Господ ве изведе со силна рака и ве ослободи од домот на ропството, од власта на фараонот, египетскиот цар.

9. Затоа знај дека Господ, Твојот Бог, е вистински Бог, верен Бог, Кој го пази Својот завет и ја искажува Својата милост до илјада поколенија на оние кои Го љубат и ги пазат Неговите заповеди.

10. А на оние кои Го мразат им враќа направо на нив самите; го уништува без одлагање оној кој Го мрази: му враќа направо на него самиот.

11. Затоа држи ги заповедите, законите и одредбите кои ти ги заповедам денес за да ги исполниш.

12. А како награда - ако ги слушаш овие закони, ако ги пазиш па ги извршуваш - Господ, твојот Бог, ќе ти ги пази Својот Завет и милоста за кои им се заколна на твоите татковци.

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 7