Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 5:15-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Спомни си дека и ти беше роб во Египетската Земја и дека оттаму те избави Господ, твојот Бог, со силна рака и со испружена мишка. Затоа ти заповеда Господ, твојот Бог, да го пазиш саботниот ден.

16. Почитувај ги татка си и мајка си, како што Господ, твојот Бог, ти заповеда, за да живееш долго и за да ти биде добро на земјата, што Господ, твојот Бог, ти ја дава.

17. Не убивај!

18. Не прељубодејствувај!

19. Не кради!

20. Не сведочи лажно против својот ближен!

21. Не посакувај ја жената на својот ближен! Не лакоми за куќата на својот ближен, за неговата нива, за неговиот слуга, за неговата слугинка, за неговиот вол, за неговото осле, ниту за нешто што е на твојот ближен.’”

22. „Тие зборови на гората, од средината на огнот, на облакот и на густата темнина, со силен глас Господ му ги упати на сиот ваш собир. Не додаваше ништо, туку ги напиша на две камени плочи па ми ги предаде мене.

23. А тогаш, кога го чувте гласот од темнината, додека гората пламтеше во оган, сите ваши главатари и ваши старешини пристапија кон мене

24. па рекоа: ‘Господ, нашиот Бог, ете, ни ги покажа Својата слава и Своето величие; го чувме Неговиот глас од среде огнот; денес видовме дека човек може да остане во живот иако му говори Бог.

25. А сега зошто да умреме? Овој голем оган може да нè проголта; ако го слушаме и натаму гласот на Господа, на својот Бог, можеме да умреме.

26. Зашто, кој смртник го слушал некогаш гласот на живиот Бог како зборува од среде оган - како ние - и останал во живот?

27. Приближи се и ти и слушај сè што ќе ти рече Господ, нашиот Бог. А тогаш кажи ни ти сè што ќе ти рече Господ, нашиот Бог, и ние ќе го слушаме и ќе го исполнуваме тоа.’

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 5