Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 5:15-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Спомни си дека и ти беше роб во Египетската Земја и дека оттаму те избави Господ, твојот Бог, со силна рака и со испружена мишка. Затоа ти заповеда Господ, твојот Бог, да го пазиш саботниот ден.

16. Почитувај ги татка си и мајка си, како што Господ, твојот Бог, ти заповеда, за да живееш долго и за да ти биде добро на земјата, што Господ, твојот Бог, ти ја дава.

17. Не убивај!

18. Не прељубодејствувај!

19. Не кради!

20. Не сведочи лажно против својот ближен!

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 5