Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 4:9-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Затоа внимавај и чувај се добро да не ги заборавиш делата што ги виде со своите очи; нека не ти исчезнат од срцето ниту во еден ден на твојот живот; спротивно, поучи ги за нив твоите синови и синовите на твоите синови.

10. Оној ден, кога стоеше на Хорив пред Господа, својот Бог, Господ ми рече: ‘Собери Ми го народот! Сакам да ги чујат Моите зборови, за да се научат да се бојат од Мене за целото време додека ќе живеат на земјата, па да ги поучат за нив и своите деца.’

11. Тогаш вие се приближивте и застанавте под гората. А гората гореше и пламенот се креваше до среде небото, замрачено со темен облак.

12. Господ ви зборуваше вам од средината на огнот; вие го чувте гласот на зборовите, но не видовте образ, а само глас.

13. Ви го објави Својот завет и ви наложи да ги вршите - Десетте заповеди, што ги напиша на две камени плочи.

14. А мене Господ ми нареди да ве поучам на законите и уредбите што ќе ги вршите во земјата во која одите да ја владеете.”

15. „Внимавајте добро! Во оној ден кога Господ, вашиот Бог, ви зборуваше пред огнот на Хорив, не видовте никаков лик,

16. за да не се расипете па да не си направите за себе некаков делкан лик, кип со машко или женско обличје,

17. ниту со обличје на некакво животно што е на земјата, ниту со обличје на некаква птица што лета под небото,

18. ни со обличје на што и да е што ползи по земјата, ни со обличје на некаква риба што е во водата, под земјата,

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 4