Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 4:39-44 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

39. И така, денес сознај и засади во своето срце: Господ е Бог горе на небото и тука на земјата - друг нема.

40. Пазете ги Неговите закони и Неговите заповеди што ти ги давам денес, за да ви биде добро и тебе и на твоите деца по тебе; за да поживееш долго на земјата што Господ, твојот Бог, ти ја дава засекогаш.”

41. Тогаш Мојсеј избра три града преку Јордан, на источната страна,

42. каде ќе може да се засолне убиец, кој убил неволно свој ближен, а да немаше порано омраза кон него: за да може, бегајќи во некој од овие градови, да го спаси својот живот.

43. Тоа се: Восор во пустината, на високорамнината, за Рувимовците; Рамот во Галад, за Гадовците и Голан во Васан, за Манасиевците.

44. Ова е Законот што Мојсеј го постави пред Израелевите синови;

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 4