Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 34:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Потоа Мојсеј отиде од Моавските полиња на гората Нево, на врвот Фазга, спроти Ерихон, каде што Господ му ја покажа целата земја: од Галад до Дан,

2. сиот Нефталим, Ефремов и Мансиев крај, сета Јудина покраина до Западното Море;

3. потоа Негев, подрачјето на Ерихонската Долина - Градот на палмите - до Сигор.

4. Потоа Господ му рече: „Ова е земјата за која им се заколнав на Авраам, Исак и Јаков дека ќе му ја дадам на твоето потомство. Дозволив да ја видиш со своите очи, но ти нема да поминеш онаму.”

5. И Мојсеј, Господовиот слуга, почина таму во Моавската Земја по Господовата заповед.

6. И Тој го погреба во долината во земјата спроти Вет-Фегор. До денешен ден никој не научи за неговиот гроб.

7. Мојсеј беше на сто и дваесет години кога умре. Окото не му ослабе ниту му попушти силата.

8. Израелците го оплачуваа Мојсеја во Моавските Полиња триесет денови. Потоа поминаа и деновите на плачењето - на тажењето за Мојсеја.

9. А Исус синот Навинов, беше исполнет со дух на мудрост, зашто Мојсеј ги имаше положено своите раце на него. Израелците го слушаа него и правеа како што Господ му нареди на Мојсеја.

10. Не се појави веќе пророк во Израел еднаков на Мојсеја - Господ го познаваше него лице во лице!

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 34