Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 33:22-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. За Дан рече: „Дан е лавче што скока од Васан.”

23. За Нефталим рече: „Нефталим, заситен со милости, исполнет со Господовиот благослов: морето и југот се негова сопственост.”

24. За Асир рече: „Благословен да е Асир меѓу синовите! Нека биде воздигнат меѓу своите браќа, и нека ги натопува своите нозе во масло!

25. Нека ти бидат обувките од железо и бронза, и мирот нека ти трае колку и животот!”

26. „Никој не е како Есуруновиот Бог: Кој се пронесува на помош по небесата и по облаците во Своето величество!

27. Вечниот Бог е твое засолниште, и под тебе се вечните мишки, ги гони непријателите пред тебе; Тој извикнува: ‘уништи!’

28. Израел живее во безопасност, а Јаковиот извор во земјата на житото и виното, каде небесата дождат со роса.

29. Блазе ти, Израелу! Кој народ Господ го заштитува како тебе? Тој е твој штит и твој славодобивачки меч, непријателите ќе ти се покорат, и ти ќе им газиш по високите места.”

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 33