Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 32:49-52 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

49. „Искачи се на гората Нево, во Аваримската Планина - што е во Моавската Земја спроти Ерихон - па разгледај ја Ханаанската Земја што ќе им ја дадам во сопственост на Израелевите синови

50. Потоа умри на гората на која ќе се искачиш и придружи им се на своите предци, како што и твојот брат Арон, кој умре на гората Ор, им беше придружен на своите.

51. А тоа е зашто ме изневеривте среде Израелевите синови при Мерива Кадис, при водите во пустината Син: не ја прославивте Мојата светост меѓу Израелевите синови.

52. Затоа само оддалеку ќе ја видиш оваа земја, ама нема да влезеш во неа - во земјата што им ја давам на Израелевите синови.”

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 32