Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 30:7-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Господ, твојот Бог, ќе ги наведе сите овие проклетства на твоите непријатели, на твоите мразители, кои те гонеа.

8. А ти наново ќе го слушаш Господовиот глас и ќе ги вршиш сите Негови заповеди, што денес ти ги давам.

9. Господ, твојот Бог, ќе те наградува изобилно во секој потфат на твоите раце, во плодот на твојата утроба, во плодот на твојот добиток, и во родот на твојата плодна почва; зашто Господ ќе се радува пак над твоето добро, како што се радуваше над доброто на твоите татковци,

10. кога ќе го послушаш гласот на Господа, својот Бог, пазејќи ги Неговите заповеди и Неговите наредби запишани во книжен свиток на овој Закон, односно кога ќе му се обрнеш на Господа, својот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа.”

11. „Оваа заповед, што ти ја давам денес, не е длабока за тебе ниту е предалеку од тебе.

12. Не е на небесата, за да би рекол: ‘Кој ќе се искачи за нас на небесата, па да ни ја објави за да ја вршиме.’

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 30