Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 3:8-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Така во тоа време ја зедовме, од рацете на двајцата аморејски цареви, земјата што се наоѓа отаде Јордан, од потокот Арнон до гората Ермон (

9. Сидонците го наречуваат Ермон-Сирион, а Аморејците го викаат Сенир):

10. сите градови на висорамништето, сиот Галад и сиот Васан, сè до Салха и Едреи - градови на Оговото Царство во Васан.

11. Васанскиот цар Ог е единствен од останатите Рефаимовци.” (Неговото легло, од железо, уште се наоѓа во Рава, во градот на Амоновите синови: десет лакти - обични лакти - е долг, а четири лакти широк, машки лакти.)

12. „И така, тоа е земјата што ја зазедовме во она време, почнувајќи од Ароир, што е покрај потокот Арнон. Половината од Галадското Подгорје со неговите градови им ја дадов на Рувимовците и Гадовците.

13. Остатокот од Галад и сиот Васан, Оговото Царство, им го доделив на половината Манасиево племе. (Сета Арговска Краина и сиот Васан се викаат Рефаимска Земја.

14. Манасиевиот син Јаир ја зазеде сета Арговска Покраина до меѓата на Гесурците и Махатците. Тој ги нарече тие села со своето име, па уште и денес се викаат Авот-Јаир, Јаирови Села.)

15. На Махир му го дадов Галад.

16. На Рувимовците и Гадовците им доделив од Галад до потокот Арнон, - средината на потокот е меѓа - и до потокот Јавок, до амонската граница.

17. А како граница служеа Араба и Јордан од Хинерот до морето покрај Араба - (покрај Соленото Море) - во подножјето на стрмнините на Фазга кон исток.

18. Во она време ви наредив: ‘Господ, вашиот Бог, ви ја дава оваа земја во сопственост. Сите вие војници, тргнете вооружени пред своите браќа Израелеви синови.

19. Единствено вашите жени, вашите деца и вашиот добиток - знам дека имате многу добиток - нека останат во вашите градови што ви ги доделив,

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 3