Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 3:18-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Во она време ви наредив: ‘Господ, вашиот Бог, ви ја дава оваа земја во сопственост. Сите вие војници, тргнете вооружени пред своите браќа Израелеви синови.

19. Единствено вашите жени, вашите деца и вашиот добиток - знам дека имате многу добиток - нека останат во вашите градови што ви ги доделив,

20. додека Господ не им даде мирен престој и на вашите браќа како и вам; така што и тие да ја заземат земјата што Господ, вашиот Бог, им ја дава од онаа страна на Јордан. Па тогаш секој од вас нека се врати на недвижниот имот што ви го доделив.’

21. Во она време му наредив на Исуса: ‘Со своите очи виде што им стори Господ, вашиот Бог, на оние двајца цареви. Така ќе направи Господ со сите царства, преку кои ќе поминуваш.

22. Не плашете се од нив! Па Господ, вашиот Бог, се бори за вас.’”

23. ‘Тогаш замолив милост од Господа:

24. ‘Боже мој, Господи. Ти почна да му ги покажуваш на својот слуга Своето величество и Својата сила. Па кој бог, на небото или на земјата, може да направи такви дела и чудеса какви што се Твоите!

25. Дозволи ми да отидам онаму и да ја погледам онаа Блажена Земја преку Јордан, оној убав горски крај и Ливан!’

26. Ама Господ, заради вас, беше лут на мене, и не ме послуша. ‘Доста - ми рече Господ - не ми зборувај веќе за тоа!

27. Искачи се на врвот Фасга и насочи ги своите очи кон запад, север, југ и исток. Разгледај добро со своите очи, зашто нема да поминеш преку Јордан.

28. Упати го Исуса, зајакни го и охрабри го! Тој нека оди на чело на овој народ; тој нека ги воведе во наследство на земјата што ја гледаш.’

29. Така останавме во таа долина покрај Вет-Фегор.”

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 3