Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 3:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Тогаш се свртивме и тргнавме кон Васан. Нè пресретна васанскиот цар Ог, со сиот свој народ, и ни наметна бој кај Едреи.

2. Тогаш Господ ми рече: ‘Не бој се од него! Па во твои раце ги предадов: него, сиот негов народ и неговата земја. Направи со нив како што направи со Сион, царот аморејски, кој живееше во Есевон.’

3. Така Господ, нашиот Бог, ни го предаде во наши раце и васанскиот цар Ог со целиот негов народ. Го поразивме, така што никој не остана жив.

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 3