Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 29:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тоа се зборовите на Заветот што Господ му го пропиша на Мојсеја за да го склучи со Израелците во Моавската Земја, освен Заветот што го склучи со нив на Хорив.

2. Мојсеј го свика сиот Израел па им рече: „Видовте пред свои очи, сè што им стори Господ, во Египетската Земја, на фараонот, на сите негови службеници и на целата негова земја:

3. големите искушенија што ги видоа твоите очи, силните знаци и чудеса!

4. Ама Господ не ви даде до денес разум за да сфатите, очи за да гледате, ни уши за да слушате.

5. Ве водев низ пустината четириесет години; облеката на вас не се искина ниту обувките на вашите нозе се скинаа.

6. Леб не јадовте; вино ни друг опоен пијалак не пиевте, за да би сте знаеле дека Јас Сум Господ, ваш Бог.

7. Кога стигнавте на ова место, Сихон, царот есевонски, и Ог, царот васански, излегоа пред нас на бој, ама ги поразивме.

8. Ја зазедовме нивната земја па им ја дадовме во наследство на Рувимовците, Гадовците и на половината од Манасиевото племе.

9. Пазете ги и вршете ги зборовите на овој Завет, за да успевате во сè што ќе преземете.

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 29