Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 27:3-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. и напиши ги врз нив сите зборови на овој Закон во мигот кога ќе влегуваш во земјата што ти ја дава Господ, твојот Бог, во земјата во која течат мед и млеко, како што им рече Господ Бог на твоите татковци.

4. И така, кога ќе поминеш преку Јордан, тогаш тоа камење, како што ти заповедам денес, подигни го на гората Евал, и варосај го со вар.

5. Таму изгради Му и жртвеник на Господа, својот Бог - жртвеник од камења, врз кои не си спуштил железо.

6. Жртвеникот на Господа, својот Бог, изгради го од неделкани камења. На него принесувај Му паленици на Господа, својот Бог.

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 27