Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 26:6-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Египетците постапуваа со нас лошо; нè угнетуваа и ни наметнаа тешко ропство.

7. Извикнувавме кон Господа, кон Бога, на нашите татковци. Господ го чу нашиот извик; ги виде нашиот јад, нашата неволја и нашата мака.

8. Господ нè изведе од Египет со силна рака и со испружена мишка, со голем страв со знаци и со чудеса.

9. И нè доведе на ова место и ни ја даде оваа земја, земја во која течат мед и млеко.

10. И ете, сега, ги донесувам најпрвите плодови од почвата што си ми ја дал, Господи.’ Стави ги пред Господа, својот Бог, и искажи Му почитување.

11. А тогаш заедно со левитот и со придојденикот, кој ќе биде кај тебе, уживај ги сите добра со кои Господ, твојот Бог, те опсипа тебе и твојот дом.

12. А кога во третата година - годината на десетоците - го завршиш одделувањето на сите десетоци од своите приходи и им ги дадеш на левитот, на придојденикот, на сирачето и на вдовицата по твоите градови, за да јадат до наситка,

13. тогаш, пред Господа, својот Бог, изјави: ‘Од дома го отстранив она што беше посветено. Им дадов уште и на левитот, на придојденикот, на сирачето и на вдовицата, според сите Твои заповеди што си ми ги дал. Не прекршив и не заборавив ниедна Твоја заповед.

14. Ништо не јадев од тоа при жалост; ништо не жртвував од тоа во нечистота, ниту му дадов нешто од тоа на мртовецот; го слушав гласот на Господа, својот Бог; во сè направив како што ми нареди.

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 26