Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 26:3-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Пристапи му на свештеникот, кој тогаш ќе ја врши службата, и речи му: ‘Признавам денес пред Господа, својот Бог, дека стигнав во земјата, за која Господ им се заколна на нашите татковци дека ќе ни ја даде.

4. Потоа свештеникот ќе ја земе кошницата од твојата рака и ќе ја положи пред жртвеникот на Господа, твојот Бог.

5. Тогаш ти продолжи и кажи пред Господа, својот Бог: ‘Мојот татко беше арамејски скитник, кој со малку деца стигна во Египет за да се засолне. Ама таму стана голем, многуброен и силен народ.

6. Египетците постапуваа со нас лошо; нè угнетуваа и ни наметнаа тешко ропство.

7. Извикнувавме кон Господа, кон Бога, на нашите татковци. Господ го чу нашиот извик; ги виде нашиот јад, нашата неволја и нашата мака.

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 26