Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 25:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Кога ќе стане караница меѓу луѓето, и дојдат на суд за да им се суди, нека му се даде правото на оној кој е прав, а виновникот нека биде осуден.

2. Ако кривецот заслужува да биде бичуван, судијата нека му нареди да легне, и тука пред него нека му избројат онолку удари колку му следуваат според неговата вина.

3. Можат да му се одредат до четириесет удари, но не повеќе, за да не биде преголемо синилото, па да не се понижи пред тебе твојот брат, кога би му удриле повеќе удари.

4. Не заврзувај му ја устата на волот кога врши.

5. Кога браќата живеат заедно па едниот од нив умре, а да немал син, жената на покојниот нека не се премажува надвор од куќата, туку нека и пристапи кон неа нејзиниот девер и нека си ја земе за жена, па да ја изврши деверската должност.

6. А првиот син што таа ќе го роди нека му остане по име на неговиот брат, за да не изумре неговото име во Израел.

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 25