Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 24:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Кога некој ќе земе жена и ќе постапи со неа како маж, а потоа открие на неа нешто неубаво, па таа веќе не наоѓа милост во неговите очи, и тој и напишува разводно писмо, и го дава во раката и ја истерува од својата куќа.

2. А таа откако ќе излезе од неговата куќа, отишла и се омажила за друг маж,

3. па му стана замразена и на тој втор, па и тој и напишува отпусно писмо, и го дава и ја истерува од својата куќа - или ако умре тој што ја зел втор

4. тогаш, бидејќи така се онечистила, не може пак да ја земе оној прв маж, кој ја беше отпуштил. Тоа би било одвратно пред Господа, и не смееш да ја вовлекуваш во грев земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство.

5. Ако некој штотуку се оженил, нека не оди во војската; нека не му се доделува никаква служба, туку ослободен, нека остане дома една година, за да ја развеселува жената што ја довел.

6. Нека не се зема во залог мелница, ни горниот ни долниот дел; па со тоа би бил земен во залог самиот живот.

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 24