Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 22:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Кога ќе видиш дека скита вол или овца на твојот брат, не поминувај покрај нив, туку отерај ги при својот брат.

2. Ако твојот брат не е близу, или не го знаеш, дотерај ги во својата куќа, па нека останат кај тебе додека твојот брат не дојде по нив. Тогаш врати му ги.

3. Така прави со неговото осле, и со неговата наметка, и со сè што ќе изгуби твојот брат, а ти ќе го најдеш. Не ти е дозволено да поминуваш покрај неговото.

4. Кога забележиш дека ослето на твојот брат или неговиот вол паднале на патот, не отстранувај се, но помогни му да ги дигне.”

5. „Жената не смее да става врз себе машка облека, а мажот не смее да се облекува во женски облеки. Кој го прави тоа, одвратен Му е на Господа, својот Бог.

6. Ако патем наидеш на птичјо гнездо, со птиченца или со јајца, на дрво или на земјата, а мајката лежи врз птиченцата или на јајцата, не земај ја мајката со пилињата:

7. пушти ја мајката на слобода, а земи ги пилињата. Така ќе имаш среќа и долг живот.

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 22