Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 21:15-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. „Ако некој човек има две жени: една што му е мила, а другата што му е немила, па милата и немилата му родат синови, ама првороденецот е од онаа што не му е возљубена,

16. тогаш, кога ќе дојде денот да го подели својот имот меѓу своите синови, не смее да постапи кон првороденецот од возљубената на штета на синот од немилата, кој е првенец,

17. туку треба да го признае за првороденец синот на невозљубената и да му даде нему двоен дел од сè што има. Зашто тој е првина на неговата сила - нему му припаѓа правото на првородството.”

18. „Ако некој има опак и непокорен син, кој не сака да ги слуша ни таткото ни мајката - па ни тогаш откако ќе го казнат -

19. неговиот татко и неговата мајка нека го одведат при старешините на својот град, при вратата на своето место,

20. и нека им речат на градските старешини: ‘Овој наш син е опак и непокорен; не сака да нè слуша; ништожник е и пијаница.’

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 21