Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 20:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Ако тргнеш во војна против своите непријатели па видиш коњи, коли и народ поброен од себе, не бој се од нив! Та со тебе е Господ, твојот Бог, Кој те изведе од Египетската Земја.

2. Пред бојот свештеникот нека истапи и нека му зборува на народот.

3. Нека им каже: ‘Чуј, Израеле! Денес тргнувате во бој против своите непријатели. Нека не ви премалува срцето! Не плашете се! Не бојте се! Не треперете пред нив!

4. Па Господ, вашиот Бог, иде со вас за да се бори за вас против вашите непријатели и да ве спаси.’

5. Потоа надгледувачите нека му проговорат на народот: ‘Има ли некој што изградил нова куќа а не се вселил во неа? Нека се врати во својата куќа, за да не загине во бојот па да се всели некој друг во неа.

6. Има ли некој што посадил лозје а уште не го брал? Нека се врати во својот дом, за да не погине во бојот па да не му го обере друг родот.

7. Има ли некој што се свршил а не се оженил? Нека се врати во својот дом, за да не погине во бојот па да не му ја одведе некој друг свршеницата.’

8. Воените началници нека продолжат и нека му речат на народот: ‘Кој се бои и кому срцето му е обесхрабрено, нека се врати во својот дом, за да не им се обесхрабрува срцето на неговите браќа како нему.’

9. Кога надгледувачите ќе го завршат говорот на народот, воените заповедници нека застанат на чело на народот.”

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 20