Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 20:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Ако тргнеш во војна против своите непријатели па видиш коњи, коли и народ поброен од себе, не бој се од нив! Та со тебе е Господ, твојот Бог, Кој те изведе од Египетската Земја.

2. Пред бојот свештеникот нека истапи и нека му зборува на народот.

3. Нека им каже: ‘Чуј, Израеле! Денес тргнувате во бој против своите непријатели. Нека не ви премалува срцето! Не плашете се! Не бојте се! Не треперете пред нив!

4. Па Господ, вашиот Бог, иде со вас за да се бори за вас против вашите непријатели и да ве спаси.’

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 20