Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 2:13-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. ‘А сега станете и преминете преку потокот Заред!’ И поминавме преку потокот Заред.

14. Времето што го поминавме одејќи од Кадис-Варниј па додека поминавме преку потокот Заред, изнесуваше триесет и осум години - сè додека не изумре во логорот сето она поколение на луѓето способни за борба, како што Господ и им се заколна.

15. И навистина! Господовата рака беше против нив: ги истребуваше од средината на логорот додека ги снема.”

16. „И така, кога смртта ги истреби од народот сите луѓе способни за борба,

17. Господ им рече:

18. ‘Денес го преминуваш моавскиот предел Ар.

19. А тогаш ќе им се приближиш на Амонците. Не ги вознемирувај ниту зафаќај бој со нив. Имено, ништо од земјата на Амонците нема да ти отстапам тебе во наследство, зашто веќе ја предадов во сопственост на Лотовите потомци.’

20. (И неа ја сметаат за рефаимска земја. Во неа порано живееја Рефаимите, кои Амонците ги викаа Замзуми.

21. Тоа беше силен и многуброен народ; со крупен раст како и Енаковите синови. Но Господ ги уништи пред Амонците - кои ги избркаа и се населија на нивното место,

22. како што, впрочем, им направи и на Исавовите потомци, кои се населени во Сир, кога ги уништи пред нив Хорејците, што тие ги истераа од недвижниот имот и живеат на нивните места до денес.

23. И Авејците, кои живееја во селцата сè до Газа, беа истребени од Кафторците, кои излегоа од Кафтор и се населија на нивното место.)

24. ‘Станете! Тргнете на пат и преминете преку потокот Арнон. Ете, ти ги предавам во рацете на Амореецот Сион, есевонскиот цар, и неговата земја. Почни со освојувањето; предизвикај го на бој!

25. Од денес почнувам да сеам страв и трепет пред тебе во народите, кои се под сите небеса, така што ќе треперат и ќе се тресат пред тебе кога ќе чујат глас за тебе.’”

26. „Тогаш испратив, од пустината Кедемот, гласници при есевонскиот цар Сион со мирољубиви зборови:

27. ‘Пушти ме да поминеме преку твојата земја. Само ќе поминам по патот, не свртувајќи ни десно ни лево.

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 2