Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 18:19-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. А ако некој не ги послуша Моите зборови што ќе ги зборува Пророкот во Мое име, тој ќе одговара пред Мене.

20. А пророкот, кој би се осмелил да зборува нешто во Мое име, што Јас не сум заповедал да зборува, и кој би зборувал во името на други богови, таквиот пророк нека биде погубен.’

21. Можеби ќе речеш во своето срце: ‘Како ќе го препознаеме словото што Господ не го изрекол?’

22. Кога пророкот зборува во името на Господа, па тоа не биде и словото не се исполни, тогаш тоа е зборот што Господ не го кажал. Тој пророк зборуваше во дрскост. Немој да се плашиш од него.”

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 18