Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 17:15-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. тогаш ќе си го поставиш за цар оној, кого ќе го избере Господ, твојот Бог. Постави некого од своите браќа за цар над себеси, а не смееш да поставуваш над себеси туѓинец, кој не ти е брат.

16. Само нека не држи многу коњи, и нека не го праќа народот во Египет, за да го зголеми бројот на коњите. Зашто Господ ви рече: ‘По овој пат никогаш повеќе не се враќајте!’

17. И нека нема многу жени, за да не му тргне срцето по суета; и нека не натрупува за себе купови сребро ни злато!

18. А кога ќе седне на царскиот престол, нека го препише за себе на свиток овој Закон од свештениците левити.

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 17