Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 16:15-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Празнувај во чест на Господа, својот Бог, седум денови на местото што ќе го избере Господ, зашто Господ, твојот Бог, ќе те благословува во сите твои жетви, во сите твои производи за да бидеш весел.

16. Трипати во годината сите твои машки нека се појават пред Господа, твојот Бог, на местото што ќе го избере: на празникот Бесквасен леб, на празникот Седмици и на празникот Сеници. Ама никој нека не доаѓа при Господа со празни раце,

17. но секој нека принесе што може, според благословот што ти го додели Господ, твојот Бог.”

18. „Во секој град, што ќе ти го даде Господ, твојот Бог, постави судии и надгледувачи за своите племиња, за да управуваат праведно со народот.

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 16