Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 16:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Пази го месецот Авив и слави ја Пасхата во чест на Господа, својот Бог, зашто Господ, твојот Бог, во месецот Авив, те изведе ноќе од Египет.

2. Како Пасха во чест на Господа, својот Бог, жртвувај од ситниот и крупниот добиток во местото што Господ ќе го избере за да го настани во него Своето Име.

3. Ништо со квас не јади со неа; туку седум денови јади бесквасен леб - леб на огорчение - бидејќи набрзина излезе од Египетската Земја: за да си спомнуваш во текот на целиот свој век за денот кога излезе од Египетската Земја.

4. Седум денови нека не се гледа кај тебе квас на целото твое подрачје, и ништо од месото на жртвата што ќе ја заколеш навечер не смее да остане преку ноќта до утрото.

5. Не е дозволено да се жртвува Пасхата во кој и да е град што ќе ти го даде Господ, твојот Бог,

6. туку во местото кое ќе го избере Господ, твојот Бог, за да го настани таму Своето Име; само таму жртвувај ја Пасхата во предвечерјето, при зајдисонцето, зашто во тоа време излезе од Египет.

7. Испечи ја и изеди ја на местото што ќе го избере Господ твојот Бог. Тогаш наутро сврти се и запати се кон своите шатори.

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 16