Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 15:12-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. „Ако ти се продаде тебе твојот брат - Евреин или Еврејка - нека ти служи шест години, а на седмата година пушти го слободен од кај себе.

13. Кога ќе го пуштиш слободен од при себеси, не испраќај го со празни раце.

14. Дарувај го со нешто од својот добиток, од своето гумно и од својата каца; со што веќе Господ, твојот Бог, те благословил, дај му и нему од тоа.

15. Спомнувај си како беше роб во Египетската Земја, и како Господ, твојот Бог, те откупи. Затоа ти го заповедам ова денес.

16. Но ако тој ти рече: ‘Не сакам да си одам од кај тебе,’ зашто ве љуби тебе и твојот дом, и зашто кај тебе му беше добро -

17. тогаш земи шило и продупчи му го увото при вратата, и нека ти биде роб засекогаш! Така исто направи и со својата слугинка.

18. Кога ќе го отпушташ слободен од кај тебе, нека не ти биде тешко, зашто заслужил двојна наемничка плата за шест години што ти ги служеше. Затоа Господ, твојот Бог, ќе те благослови во сè што ќе работиш.”

19. „Сите машки првородени, што ќе ги даде твојот крупен и ситен добиток, посвети Му ги на Господа, својот Бог! Затоа волот првенец не го впрегнувај ниту стрижи го првенецот на својот ситен добиток.

20. Јади го ти и твојот дом секоја година во присуство на Господа, твојот Бог, во местото што ќе го избере Господ.

21. Ама ако имаат некаков недостаток, ако бидат хроми или слепи, или ако имаат некаков грд недостаток, немој да Му ги жртвуваш на Господа, твојот Бог!

22. Изеди ги во својата куќа. И нечистиот и чистиот можат да ги јадат, како срната и еленот.

23. Единствено не смееш да ја јадеш нивната крв! Излеј ја на земјата како вода.”

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 15