Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 14:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Вие сте синови на Господа, својот Бог. Не правете си врз себе врезаници ниту потстрижувања на челото за покојникот.

2. Па ти си народ посветен на Господа, својот Бог; Господ те избра тебе меѓу сите народи на земјата за да бидеш Негов народ, Негова сопственост.

3. Не јадете ништо нечисто.

4. Ова се животните што можете да ги јадете: волот, овцата, козата,

5. еленот, срната, срнчето, козорогот, антилопата, биволот и дивата коза;

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 14