Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 13:10-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Затрупај го со камења додека не умре, зашто се обидуваше да те одврати од Господа, твојот Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од домот на ропството.

11. Кога ќе го чуе тоа, целиот Израел ќе се наполни со страв, па веќе не ќе прави такво зло во твојата средина.”

12. „Ако во твојот град, што Господ, твојот Бог, ќе ти го даде да се населиш во него, чуеш како зборуваат:

13. ‘Се појавија лоши луѓе во твојата средина и ги заведоа жителите на својот град, кажувајќи: „Ајде да им служиме на други богови!” - што вие инаку не ги познавате’ -

14. тогаш добро истражи, распрашај се и темелно извиди. Ако биде вистина, и навистина била направена таа грозотија во твојата средина,

15. тогаш исечи ги со остар меч жителите на тој град, предај ги на проклетство него и сите што се во него и неговиот добиток.

16. Потоа собери го сиот плен среде плоштадот па изгори го градот со сиот плен како паленица за Господа, својот Бог. Нека остане засекогаш урнатина, и веќе никогаш нека не се соѕидува.

17. Од она што беше предадено на проклетство нека ништо не се прилепи за твојата рака, за да се откаже Господ од жестокоста на Својот гнев; за да ти искаже милосрдие, да ти се смилува и да те размножи, како што им се заколна на твоите татковци,

18. ако ти го слушаш гласот на Господа, својот Бог, пазејќи ги сите Негови заповеди, што ти ги наредувам денес, и вршејќи што е право во очите на Господа, твојот Бог.”

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 13