Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 12:3-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Урнете ги нивните жртвеници, искршете ги нивните столбови, изгорете им ги ашерите, здробете ги киповите на нивните богови, затрете им ги имињата од оние места.

4. На Господа, својот Бог, не искажувајте Му онакво почитување.

5. Барајте Го Господа, својот Бог, единствено на местото што Тој Самиот го одбра, среде сите ваши племиња, за да го стави таму Своето име и за да престојува таму;

6. донесувајте ги таму своите паленици и своите закланици, своите десетоци и даровите на своите раце, своите заветни приноси и доброволните приноси и првородените од својот крупен и ситен добиток.

7. Јадете таму, вие и вашите семејства, пред Господа, својот Бог; веселете се со сè што вашите раце го спечалија и што Господ, вашиот Бог, ви го додели со благослов.

8. Не правете никако како што ние правиме тука денес - секој што нему му изгледа добро -

9. зашто уште не стигнавте во Почивалиштето, во наследството што ти го дава Господ, твојот Бог.

10. Но кога ќе преминете преку Јордан и се населите во земјата што Господ, вашиот Бог, ви ја дава во наследство, кога ќе ве смири од сите непријатели кои ќе бидат околу вас, па ќе живеете без страв,

11. тогаш ќе донесувате сè што ви наредувам: своите паленици, своите закланици, своите десетоци, даровите на своите раце и сите свои избрани заветни приноси што ќе Му ги заветувате на Господа - на местото кое Господ, вашиот Бог, ќе го одбере за да го настани таму Своето име.

12. Веселете се тогаш пред Господа, својот Бог, вие, вашите синови и ќерки, вашите слуги и слугинки, и левитот кој ќе биде во вашите градови, зашто тој нема дел со вас ни наследство.

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 12