Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 12:12-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Веселете се тогаш пред Господа, својот Бог, вие, вашите синови и ќерки, вашите слуги и слугинки, и левитот кој ќе биде во вашите градови, зашто тој нема дел со вас ни наследство.

13. Внимавај да не ги принесуваш своите жртви паленици на било кое место што ќе го забележиш,

14. туку само на местото што ќе го одбере Господ, во едно од твоите племиња. Таму принесувај ги своите паленици и таму да извршуваш сè што ти наредувам.

15. Ама секојпат кога срцето ќе ти посака, можеш да заколеш и да јадеш месо во сите свои градови, според благословот што Господ, твојот Бог, ќе ти го дава. И нечистиот и чистиот може да го јаде, како да е од срна или од елен.

16. Ама крв не јади; излејте ја на земја како вода.

17. Во своите места на живеење не јадете го десетокот од своето жито, од своето вино, од своето масло ни првородените од својот крупен или ситен добиток; ниту нешто од своите заветувани и од своите доброволни приноси, ни од приносите на своите раце,

18. туку тоа ќе го јадеш пред Господа, својот Бог, во местото кое Господ, твојот Бог, го избере, ти, твојот син, твојата ќерка, твојот слуга, твојата слугинка и левитот кој ќе биде во твоите градови. Провеселете се пред Господа, својот Бог, со сè што твоите раце создале.

19. Внимавај никогаш да не го заборавиш левитот додека си во својата земја.

20. Кога Господ, твојот Бог, го прошири твоето подрачје, како што ти рече, и речеш: ‘Јас би јадел месо” - зашто сакаш да јадеш месо - можеш да го јадеш колку што ти сака душата.

21. Ако местото, што Господ, твојот Бог, го одбра за да го смести во него Своето Име, биде далеку од тебе, тогаш можеш да заколеш што и да било од својот крупен или ситен добиток што Господ ќе ти го даде - како што веќе ти наредив - па да јадеш во кое и да е твое место на живеење колку што ти сака душата.

22. Сепак јади го онака како што се јаде срна или елен: нека го јадат заедно чистите и нечистите.

23. Само внимавај да не јадеш крв! Па крвта е живот. Не смееш да го јадеш животот со месото.

24. Не јади ја; излеј ја на земјата како вода.

25. Не смееш да ја јадеш, за да ви биде добро и тебе и на твоите синови по тебе, кога ќе го вршиш она што е право во Господовите очи.

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 12