Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 12:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Овие се законите и одредбите што треба да ги пазите и да ги вршите во земјата која Господ, твојот Бог, ти ја дава во сопственост за сите денови што ќе ги живеете на земјата.

2. Срамнете ги со земјата сите места на кои народите, кои ќе ги изгоните, им искажуваа почитување на своите богови, без обѕир на тоа дали се наоѓаат на високите планини, на ритчињата или под некакво зелено дрво.

3. Урнете ги нивните жртвеници, искршете ги нивните столбови, изгорете им ги ашерите, здробете ги киповите на нивните богови, затрете им ги имињата од оние места.

4. На Господа, својот Бог, не искажувајте Му онакво почитување.

5. Барајте Го Господа, својот Бог, единствено на местото што Тој Самиот го одбра, среде сите ваши племиња, за да го стави таму Своето име и за да престојува таму;

6. донесувајте ги таму своите паленици и своите закланици, своите десетоци и даровите на своите раце, своите заветни приноси и доброволните приноси и првородените од својот крупен и ситен добиток.

7. Јадете таму, вие и вашите семејства, пред Господа, својот Бог; веселете се со сè што вашите раце го спечалија и што Господ, вашиот Бог, ви го додели со благослов.

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 12