Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 11:3-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. за Неговите знаци и за делата што им ги направи, среде Египет, на фараонот, египетскиот цар, и на целата негова земја;

4. што им стори на египетската војска, на нивните коњи и на колите; како ги преплави со водите на Црвеното Море кога ве гонеа, и како ги сотре до денешниот ден;

5. што стори за вас во пустината додека не стигнавте до ова место;

6. што направи со Датан и Авирон, синовите на Елиав, Рувимовиот потомок, кога земјата ја отвори својата утроба па ги проголта среде целиот Израел нив и нивните семејства, нивните шатори и сè што имаа.

7. Вашите очи ги видоа сите тие големи дела што Господ ги направи.”

8. „Затоа пазете ги сите заповеди што ви ги наредувам денес, за да бидете силни па да ја земете во сопственост земјата во која одите да ја освоите;

9. најпосле, за да живеете долго во земјата за која Господ им се заколна на вашите татковци дека ќе им ја даде ним и на нивното потомство - земјата во која течат мед и млеко.

10. Зашто земјата во која одиш да ја земеш во сопственост не е како Египетската Земја од која излеговте, каде, откако ќе го посееше семето, требаше да го напојуваш со својата нога како што се напојува зеленчукова градина.

11. Земјата во која одите да ја земете во сопственост е земја на планини и долини, и ја натопува небескиот дожд;

12. земја над која бдее Господ, твојот Бог, на која очите на Господа, твојот Бог, почиваат постојано, од почетокот до свршетокот на годината.”

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 11