Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 11:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „И така, љуби Го Господа, својот Бог, и врши ги во сите дни Неговите наредби, Неговите закони, одредби и заповеди.

2. Вие, а не вашите синови, кои не ги запознаа и не ги видоа поуките на Господа, вашиот Бог, денес се уверивте во Неговото величие, во Неговата силна рака, во испружената мишка,

3. за Неговите знаци и за делата што им ги направи, среде Египет, на фараонот, египетскиот цар, и на целата негова земја;

4. што им стори на египетската војска, на нивните коњи и на колите; како ги преплави со водите на Црвеното Море кога ве гонеа, и како ги сотре до денешниот ден;

5. што стори за вас во пустината додека не стигнавте до ова место;

6. што направи со Датан и Авирон, синовите на Елиав, Рувимовиот потомок, кога земјата ја отвори својата утроба па ги проголта среде целиот Израел нив и нивните семејства, нивните шатори и сè што имаа.

7. Вашите очи ги видоа сите тие големи дела што Господ ги направи.”

8. „Затоа пазете ги сите заповеди што ви ги наредувам денес, за да бидете силни па да ја земете во сопственост земјата во која одите да ја освоите;

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 11