Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 10:15-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Ама на Господа само вашите татковци му омилеа, и после нив ве избра вас, нивните потомци, меѓу сите народи, како што е и денес.

16. Обрежете го своето срце; не го коравете веќе вратот!

17. Зашто Господ, вашиот Бог, е Бог над боговите, Господар над господарите, Бог голем, силен и страшен, Кој не е пристрасен и не се поткупува;

18. им дава правда на сиракот и на вдовицата; го љуби придојденикот, му дава храна и облека.

19. Љубете го и вие придојденикот, зашто и самите бевте придојденци во Египетската Земја.

20. Бој се од Господа, својот Бог; служи Му Нему; прилепи се до Него; заколнувај се во Неговото име.

21. Тој е твоја слава, твојот Бог, Кој заради тебе направи големи и чудесни дела што ги видоа твоите очи.

22. Твоите татковци, кога се спуштија во Египет, беа само седумдесет, а сега Господ, твојот Бог, те направи многуброен па ве има како ѕвезди на небото.”

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 10