Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 10:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Во тоа време Господ ми рече: ‘Изделкај две камени плочи како и поранешните па искачи се при Мене на планината; а направи и дрвен ковчег.

2. На плочите ќе ги напишам зборовите кои беа на првите плочи што ги скрши. А потоа положи ги во ковчегот.’

3. Направив ковчег од багремово дрво, изделкав две камени плочи какви што беа првите, па, со двете плочи во рацете, се искачив на планината.

4. И напиша Тој на тие плочи, како и порано, Десет заповеди, што Господ ви ги рече на планината, од среде огнот, на денот на собирот. Тогаш Господ ми ги даде мене.

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 10