Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 1:43-46 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

43. Така и ви зборував, но не послушавте. Вие и се спротививте на Господовата заповед и, полни со дрскост, тргнавте кон планината.

44. Но Аморејците, кои живееја во гората, удрија на вас, ве збркаа, по вас се нафрлија како пчели, па ве поразуваа од Сир до Орма.

45. Откако се вративте, плачевте пред Господа, ама Господ не го слушаше вашето лелекање, ниту го сврте Своето уво кон вас.

46. Во Кадис требаше да останете долго време, онолку колку што веќе останавте таму.”

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 1