Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 1:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ова се зборовите што Мојсеј му ги упати на сиот Израел отаде Јордан, во пустината, во Араб спроти Суф, меѓу Фаран и Тофел, Лавон, Асирот и Дизав -

2. од Хорив до Кадис-Варниј, преку Синајската Гора, на единаесет денови одење.

3. Тоа беше во четириесеттата година, во првиот ден на единаесеттиот месец, кога Мојсеј им кажа на Израелците сè што му нареди Господ за нив.

4. Откако ги порази аморејскиот цар Сион, кој живееше во Есевон, и васанскиот цар Ог, кој живееше во Астарот и во Едраи,

5. значи од онаа страна на Јордан, во Моавската Земја, Мојсеј почна да го кажува овој Закон, и рече:

6. „Господ, нашиот Бог, ни рече на Хорив: ‘Доста престојувавте на оваа гора.

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 1