Стар Завет

Нов Завет

Судии 9:9-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Маслинката им одговори: ‘Зар да се одречам од своето масло, што им е на чест на Бог и на луѓето за да владеам над другите дрва?’

10. Тогаш дрвата и рекоа на смоквата: ‘Дојди, биди ни цар!’

11. Смоквата им одговори: ‘Зар да се откажам од слаткоста и од својот красен плод за да владеам над другите дрва?’

12. Тогаш дрвата и рекоа на лозата: ‘Дојди, биди ни цар!’

13. Лозата им одговори: ‘Зар да се одречам од виното што ги весели Бог и луѓето за да владеам над другите дрва?’

14. Тогаш сите дрва му рекоа на трнот: ‘Дојди, биди ни цар!’

15. А трнот им одговори на дрвата: ‘Ако навистина сакате да ме помажете за цар засолнете се под мојата сенка; ако не сакате, оган ќе пламне од трнот и ќе ги изгори сите ливански кедри.’”

16. ”И така, дали постапивте според вистината и правдата кога го избравте Авимелеха за цар? Дали се однесовте добро кон Јеровоал и кон неговиот дом? Дали му возвративте за делата што ги направи за вас?

17. Мојот татко се бореше за вас, изложувајќи го својот живот, па ве избави од рацете на Мадијамците,

18. а вие денес станавте против домот на татка ми; ги погубивте неговите синови - седумдесет луѓе на ист камен, и го направивте цар, нас жителите на Сихем, Авимелех, синот на неговата робинка, затоа што е ваш брат!

19. Ако денес постапевте според вистината и според правдата со Јеровоал и со неговиот дом, радувајте се со Авимелеха, а тој нека се радува со вас!

20. Ако не - оган нека излезе од Авимелеха и нека ги изгори жителите на Сихем и сиот Бет-Мило (Дом на Мило), и нека излезе оган од граѓаните на Сихем и од Миловиот дом и нека го изгори Авимелеха!”

Прочитајте целосна глава Судии 9