Стар Завет

Нов Завет

Судии 9:32-46 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. Затоа стани ноќе, ти и народот што е со тебе, и застани во заседа во полето.

33. А наутро, кога ќе изгрее сонцето, стани и удри на градот. Кога Гал и неговите луѓе ќе излезат пред тебе, ти направи со нив како што ќе можеш со твојата рака.”

34. Авимелех стана ноќе, со сите свои луѓе, и постави заседа околу Сихем во четири одреди.

35. Кога Гал, синот Еведов, излезе пред градската врата и застана, Авимелех и неговите луѓе се појавија од заседата.

36. Гал ги здогледа луѓето и му рече на Зевула: „Ене слегуваат луѓе од горските врвови.” А Зевул му одговори: „Од сенките на планинските врвови ти се причинуваат луѓе.”

37. Гал проговори пак: „Ене слегуваат луѓе од возвишението, а една чета доаѓа по патот од дубравата Меоним.”

38. Тогаш Зевул му рече: „Каде ти е сега јазикот? Па ти зборуваше: ‘Кој е Авимелех за да му служиме?’ Не се ли онаму луѓето што ти ги презре? Излези сега и биј се со Авимелех!”

39. И Гал излезе на чело на сихемските жители и се судри со Авимелех.

40. Авимелех го подгони Гала, и тој побегна пред него; и многу негови луѓе паднаа убиени, до самата градска врата.

41. Авимелех тогаш се врати во Арума, а Зевул ги истера Гала и неговите браќа, за да не живеат во Сихем.

42. Утреден народот излезе во поле, и му го соопштија тоа на Авимелех.

43. Тој ја зеде својата војска, ја подели во три одреди и постави заседа во полето. Кога ќе видеше како луѓето излегуваат од градот, се нафрлаше врз нив и ги погубуваше.

44. Додека Авимелех, со својот одред, удираше кај градската врата, другите два одреди се нафрлија врз оние кои беа во полето, и така ги погубија.

45. Авимелех го опсадуваше градот цел ден. Откако го зазеде, ги погуби сите жители; го разурна градот и посеа сол по него.

46. Кога го чуја тоа господарите на Мигдал Сихем, влегоа сите во утврдениот простор на храмот Вал-Верит.

Прочитајте целосна глава Судии 9