Стар Завет

Нов Завет

Судии 9:29-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. О, кога би го имал овој народ во својата рака, би го протерал Авимелеха и би му рекол: ‘Зголеми ја својата војска и излези во бој!’”

30. А кога градскиот началник, Зевул, научи што зборувал Гал, синот Еведов, се разгневи.

31. Им испрати гласници на Авимелех и на Арум и им порача: „Еве, Гал, синот Еведов, дојде во Сихем, со своите браќа, и ги бунтува граѓаните против тебе.

32. Затоа стани ноќе, ти и народот што е со тебе, и застани во заседа во полето.

33. А наутро, кога ќе изгрее сонцето, стани и удри на градот. Кога Гал и неговите луѓе ќе излезат пред тебе, ти направи со нив како што ќе можеш со твојата рака.”

34. Авимелех стана ноќе, со сите свои луѓе, и постави заседа околу Сихем во четири одреди.

35. Кога Гал, синот Еведов, излезе пред градската врата и застана, Авимелех и неговите луѓе се појавија од заседата.

36. Гал ги здогледа луѓето и му рече на Зевула: „Ене слегуваат луѓе од горските врвови.” А Зевул му одговори: „Од сенките на планинските врвови ти се причинуваат луѓе.”

37. Гал проговори пак: „Ене слегуваат луѓе од возвишението, а една чета доаѓа по патот од дубравата Меоним.”

38. Тогаш Зевул му рече: „Каде ти е сега јазикот? Па ти зборуваше: ‘Кој е Авимелех за да му служиме?’ Не се ли онаму луѓето што ти ги презре? Излези сега и биј се со Авимелех!”

39. И Гал излезе на чело на сихемските жители и се судри со Авимелех.

40. Авимелех го подгони Гала, и тој побегна пред него; и многу негови луѓе паднаа убиени, до самата градска врата.

Прочитајте целосна глава Судии 9